Напред Македонија!

215

Денеска е ден за фудбалско уживање. Денеска е “Match Day“ меѓу Македонија и Италија. Во овој празничен викенд ни гостува една од најтрофејните светски фудбалски репрезентации. Македонија ќе ги одмери силите со “новата“ Италија на Спалети, ете можност за фудбалските фанови да ја наполнат Арената “Тодор Проески“ и на сиот глас да навиваат за Македонија.

Напред Македонија!May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text

Вечерва во 20:45 часот ќе сретнеме со Италија, против која знаеме како. Во Палермо, во Торино,па и во Скопје кога до финишот на мечот беше 2:1 за нас.

Само треба верба во себе, треба да одигра како што се играше до пред некој месец, треба да се покаже сиот свој квалитет. Само така Македонија ќе може да се надева на добар резултат.

Ние веруваме во вас момци…

ПретходноИмран Фетаи со дополнителен повик за У21 репрезентацијата
СледноЃорѓиев верува во Македонија: Ќе се бориме за секој поен, па што биде нека биде!