Нејмар прво се посрамоти, па испиша историја (ВИДЕО)

386

Јужноамериканците уште од сега, три години пред стартот на СП ги почнаа квалификациите за ова големо натпреварување. Причината за ова е специфичноста на земјите од овој континент, во една група има по десет селекции.

Во првото коло Бразил на домашен терен ја победи Боливија со 5:1. Родриго и Нејмар постигнаа по два гола, а Рафиња додаде еден. Ова беше рутински натпревар во кој Нејмар го надмина можеби најголемиот фудбалер на сите времиња Пеле.

Откако во 17. минута промаши од белата точка, 45. минути подоцна Нејмар дојде до 78. гол за Бразил и со тоа го мина Пеле на врвот. До крајот на натпреварот постигна уште еден погодок со кој стана рекордер во својата репрезентација. За него ова беше 125. настап за Бразил, додека пак Пеле до рекордот дојде со 92. одиграни натпревари.

Голот на Нејмар можете да го видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноМатеј Цветаноски повторно во дресот на Брера!
СледноЃоковиќ со еден потег го спушти на земја Шелтон (ВИДЕО)