Македонската фудбалска репрезентација освои бод против Италија, откако на домашен терен одигра нерешено 1-1 против големиот фаворит во рамките на евроквалификациите.
Очекувано, по мечот Лучијано Спалети како главен проблем го посочи теренот на Националната Арена „Тодор Проески“, кој беше очаен, но не само за Италија, туку и за Македонија.
„Точно е дека промашивме многу шанси, но и дека физички паднавме. Секако лош момент е теренот. Македонија го знаеше тоа и очекуваше топката дека ќе отскокнува лошо, па затоа втората топка често беше кај нив. Македонските фудбалери многу подобро се снајдоа на лошиот терен, очигледно добро го познаваат“, вака ја започна прес-конференцијата селекторот на Италија и продолжи со истата тема:
„Бевме свесни за условите на теренот и како сето тоа ќе влијае на нашата игра. Ние секогаш целиме кон висок пресинг, на високо ниво на фудбал, но противникот во сето ова подобро се снајде. Тешко е да реагираше толку брзо на вакот терен.










