Мишов во тимот на колото, Капинковски најдобар тренер

317

Екипата на Самтредија под водство на нашиот стратег Димитар Капинковски есенва влезе во и тоа како позитивна серија што го става клубот во добра позиција на табелата. Згора на тоа, Алекдандар Мишов е во моментов најдобриот играч на тимот и стрелец во серија на четири гола плус асистенција.

Тоа нормално не остана незабележано од медиумите во Грузија, особено по викенд победата на Самтредија над тимот на Динамо Тбилиси.

Па така, Мишов сега се најде во идеалните единаесет за изминатата рунда, додека пак Капонкоски е прогласен за тренер на колото.

 

ПретходноМЗТ Скопје за враќа во второлигашката АБА конкуренција, целта е јасна!
СледноЛеброн Џејмс повторно го смени бројот на дресот