Ричков и Калкан дефинитивно отпаѓаат, Трајков и Георгиевски со повик за Молдавија

759

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година се подготвува за квалификацискиот дуел против Молдавија на гостински терен во Кишињев на 17 октомври. Истиот е од многу битно значење за нас, затоа што тие бодови и тоа како ни се потребни.

Сепак, за да стигнеме до посакуваната цел, ќе мора тоа да го сториме без двајца стандардни репрезентативци. Тоа се Марио Ричков односно Берат Калкан.

И обајцата имаат проблеми со колената и не се во можност да му се стават на рапсолагање на селекторот Драган Канатларовски.

На нивно место, дополнителен повик добиваат Димитар Трајков од Академија Пандев и Христијан Георгиевски од Струга Трим Лум.

 

ПретходноЕден Азар официјално се пензионираше
СледноТиквеш на мегдан со Скопје 2020, но со мислите во Автокоманда