Урнебесно на “Олд Трафорд“: Гарначо? Не ми се допаѓа баш!(ВИДЕО)

1349

Познато е како игра Манчестер Јунајтед сезонава во Премиерлигата, фановите негодуваат, но и натами ги полнат трибините на “Олд Трафорд“. На последниот меч против Брентфорд, во меч во кој Јунајтед победи со головите на МекТоминеј во 93 и 96.минута се случи навистина урнебесна сцена.

Имено водителката на клупската ТВ на Јунајтед, Зара Коноли му постави прашање на еден млад фан за тоа што мисли за Гарначо:

“ А овој неволно рече дека Гарначо и не му се допаѓа баш“ што предизвика смеа кај сите.

Коноли слатко се насмеа и му рече на младиот фан дека е добитник на дрес токму на Гарначо.

“Камерон, како што се вика фанот после ова ми се заблагодари и ме прегрна. Дознавме дека пред две недели ја завршил хемотерапијата. Тој е наш, наш фан на Јунајтед. Моја грешка беше што најдовме играч на кој Камерон не му е баш голем фан“ напиша после на Твитер водителката.

ПретходноВардар 1961 сигурен против дебитантот Мулти Есенс
СледноФилипо Инзаги стана тренер во Серија А, дуел на браќата ќе гледаме во февруари