Филипо Инзаги стана тренер во Серија А, дуел на браќата ќе гледаме во февруари

778

Филипо Инзаги ќе работи во Серија А. Салернитана објави дека постигнале договор за соработка со Филипо и тој наскоро ќе му се приклучи на клубот на местото на Пауло Соуса кој доби отказ.
Со тоа двајцата браќа, некогашни голгетери во Серија А, ќе работат во најсилната италијанска лига со оглед на тоа дека на кормилото на Интер седи Симоне Инзаги.
Со оглед на тоа дека Салернитана одигра со Интер минатиот месец (0:4 за „нероаѕурите“), дуелот на браќата Инзаги ќе го гледаме на 18 февруари идната година.
Филипо работеше во Милан, потоа во Венеција, Болоња, Беневенто, Бреша и Реџина.

ПретходноУрнебесно на “Олд Трафорд“: Гарначо? Не ми се допаѓа баш!(ВИДЕО)
СледноКанатларовски ги мести „коцките“ за Молдавија (ФОТОГАЛЕРИЈА)