Пелистер пред Париз: Сакаме да ја повториме играта против Кил

113

Пред Пелистер е уште едно тешко гостување во Лигата на шампионите. Актуелниот македонски првак веќе во четврток во Париз ќе ги одмери силите со ПСЖ. Избраниците на Александар Јовиќ имаат три порази во исто толку одиграни натпревари. Последниот беше од Кил, иако не дојдоа до изнеандување, сепак покажаа дека можат многу повеќе.

„Играме против екстра-квалитетна екипа, нè чека тежок натпревар и одлична можност за промоција за клубот и градот. Ќе направиме сè да се прикажеме во најдобро светло. Играме против екипа која редовно игра на „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите. ПСЖ преферира брза игра, имаат одлична транзиција, но ние ќе се обидеме да наметнеме наша игра. Како што игравме и против Кил, ќе пробаме да ги сведеме на што е можно помалку голови. Нè радува што евидентно растеме и ова е одлична можност тоа да го потврдиме. Тренираме во полн состав, Тајник се враќа во тимот и мотивирани сме за дуелот в четврток“, изјави Александар Јовиќ.

Иако буџетот на ПСЖ е многу поголем и има голем број на ѕвезди, ракометарите на Пелистер се подготвени да застанат рамо до рамо, да не отидат со бело знаме.

„Многу ни значи тоа што одигравме одличен натпревар против Кил. Влијае тој натпревар на самодовербата, иако не победивме, а имавме можност за тоа. Се подигнавме психички, па тоа ни е добредојдено за следните предизвици. ПСЖ е најсериозен испит сезонава. Заедно со Киелце, сметам дека нашиот следен противник е најсилната екипа во групата, па и во Европа. Го имаат најдобриот тренер во светот – Раул Гонзалез. Променет им е составот од минатата сезона, им треба време да се воиграат, но имаат екстра-квалитет. Сепак, се екипа од дваесет милиони евра, тука е голема разликата со нас. Треба да одиграме најдобро што можеме, па што биде, нека биде. Октоври и ноември се најтешки месеци во сезоната, но веќе сме во тој ритам и само да сме здрави и да не избегнат повредите, ќе ги исполниме целите“, вели Марио Танкоски. 

ПретходноЛеброн Џејмс повторно го смени бројот на дресот
СледноЕден Азар официјално се пензионираше