Во центарот на вниманието овие денови се најде српскиот стратег, Владимир Јовановиќ. Тој на социјалните мрежи јавно му честиташе роденден на Владимир Путин, претседателот на Русија, а веднаш потоа доби отказ од клубот.
Јовановиќ беше тренер на естонскиот футсал тим, Смсрах. Како што пренесува руската новинска агенција РИА Новости, тој ставил фотографија од претседателот на Русија и му честитал на следниов начин: „Да живееш долго имењак. Србите и Русите – браќа засекогаш!“.
Ова не им се допаднало на Естонците и веднаш ја раскинале соработката со него. Путин на 7. октомври го прослави својот 71 роденден.
„Јас сум спортист од земја која има свои традиции, исто како и Естонците. Ги почитувам сите, но никој на планетава не може да ми каже како да размислувам. Тоа се вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е што Го доживеав ова горчливо искуство“, изјави Јовановиќ.










