Кејн урива рекорди: Баерн си играше со нервите на своите фанови, ама сепак победи! (ВИДЕО)

279

Попладнево се одиграа четири меча со 11.коло во Бундеслигата. Како што и се очекуваше Баерн Минхен го победи Хаиденхајм и тоа со 4:2, но сепак си играше со нервите на своите фанови. Имено имаше сигурно водство до 67.минута од 2:0, за да потоа гостите за само три минути израмнија на 2:2.

Сепак во последната фаза од оваа средба, “баварците“ со головите на Гереиро и Чупо – Мотинг дојде до триумф.

За за Хари Кејн што да се каже? Англичанецот едноставно не знае за доста. Со тие два гола за 2:0 на овој мел тој стигна до 17 погодоци о стартот на сезоната во овие 11.кола.

Фасцинантно.

На останатите мечеви Аугсбург и Хофенјхам одиграа без победник 1:1, исто така реми заврши и мечот Дармштад – Мајнц но без голови.

И во дербито Штутгарт со 2:1 славеше на свој терен против Дортмунд, иако гостите водеа со 0:1.

ПретходноНа Милан не му беа доволни 0:2 за победа кај Лече, на крај ВАР го спаси и од пораз! (ВИДЕО)
СледноАрсенал убедлив против тимот на Чурлинов, Јунајтед се изнамачи со Лутон за трите бода! (ВИДЕО)