Манчестер Јунајтед му постави краен рок на менаџерот Ерик Тен Хаг за да ги врати работите на место во клубот. Јунајтед е во криза поради која падна на осмото место во Премиер лигата и по четири кола е на дното во групата од Лигата на шампионите. Тимот на Тен Хаг исто така е елиминиран и од Карабао купот минатиот месец, што веќе предизвика гнев кај навивачите, а го редуцира и трпението кај првите луѓе на клубот.
Добро информирани извори од „Олд Трафорд“ тврдат дека Холанѓанецот деновиве бил предупреден дека ќе ја загуби работата доколку тимот во кус врменски период не го крене на нозе. Еден од натпреварите кои ќе има големо значење е денешниот дуел со Лутон.
Јунајтед загуби пет од десет натпревари на домашен терен во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и последните два на „Олд Трафорд“ против Манчестер Сити и Њукасл. Тоа не му остава многу простор за маневри на Тен Хаг, кој јасно добил датум до кога ќе се толерира неговиот престој на клупата.
„Тој сигурно нема да добие отказ пред 1 декември, но потоа, ќе биде во голема опасност да го загуби работното место“, тврдат извори од клубот.










