Бешикташ одбра нов тренер – Бурак Јилмаз издржа само еден месец

224

Турскиот Бешикташ повторно го промени тренерот. Тимот е на петтото место во домашната Суперлига со 12 поени помалку од лидерот Галатасарај по 11 одиграни натпревари. Во четвртокот „орлите“ загубија и од Бодо/Глимт на домашен терен во Лигата на конференции и се на последното место во групата со 1 бод.

Бешикташ има само една победа (над Газијантеп) и четири порази на последните пет меча. Затоа управата го разреши Бурак Јилмаз кој се задржа само еден месец на кормилото, а претходно тој седна на местото на Шенол Ѓунеш.

„Орлите“ се одлучија за локален тренер, тоа е Риза Чалимбај, 60-годишен тренер кој во кариерата ги тренирал Гезтепе, Ризе, Анкараспор, Сивас, Касимпаша, Трабзон и Коњаспор. А на почетокот на својата тренерска кариера бил помошен тренер во Бешикташ. Последен клуб му бил Сивас каде што работеше четири години и ја напушти позицијата ова лето.
Неговото деби ќе биде во недела (12 ноември) против Башакшехир.

ПретходноПМФЛ: Шампионот на гости во Струмица, Тиквеш сака бод(ови) под Шара, Гостивар ја дочекува Брегалница
СледноЃорческа запрена во полуфиналето во Ираклион