Денеска од 13 часот се играат четири меча од 14.коло во ПМФЛ, останатите два, во Кратово и Ѓорче се закажани за утре.
Се очекува најинтересно да биде на Маџари каде Вардар ја дочекува Воска во меч каде што се среќаваат последниот и претпоследниот на табелата.
Струга ТЛ гостува во Струмица и се спрема за одмазда по оној пораз од 2.коло на свој терен од тогаш забревтаната Брера. Сега се е поинаку, струмичани имаат серија од девет меча без победа.
На шампионот овие три бода и тоа како му се потребни.
Шкендија е во црна серија која трае ли трае. Веќе долго време тренерот Ардијан Нухиу не може да го извади максимумот од оваа несомнено квалитетна екипа што ја има. Денеска под Шара гостува Тиквеш и кавадарчани не кријат дека посакуваат бод(ови) од ова гостување.
И во тетовска Речица се среќаваат Гостивар и Брегалница. Меч во кој според моменталната форма домашните се фаворити, но сепак овој натпревар се игра на неутрален терен и “сините“ од Штип имаат намера да го дадат својот максимум.
ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Скопје: Вардар – Воска
Струмица: Брера – Струга ТЛ
Тетово: Шкендија – Тиквеш
Речица: Гостивар – Брегалница
УТРЕ, 13 Ч
Скопје: Македонија ЃП – Работнички
Кратово: Силекс – Шкупи
ТАБЕЛА
Шкупи 28, Струга ТЛ 27, Шкендија 25, Силекс 20, Брера 16, Тиквеш 16, Работнички 16, Македонија ЃП 15, Гостивар 15, Брегалница 14, Воска 13, Вардар 11 бодови















