Атанасов: Среќен сум за головите, но не можам да бидам задоволен од резултатот

1490

Вечерва светла точка во нашиот репрезентативен тим беше Јани Атанасов. Влезе во вториот дел на 3:0 за Италија и со два гола успеа да ја врати Македонија во игра. За жал, тоа не беше доволно за да се направи некаков пресврт.

„Кога губиме како репрезентација не можеме да бидеме среќни и задоволни. Јас сум среќен за моите два гола, но имаме уште работа за да ги поправиме некои работи. Кога ги дадовме двата гола почувствувавме дека можеме да се носиме со оваа Италија која е највисоко ниво, покажавме дека сакаме, дека дадовме 100%, но на крај за жал три бода за Италија. На 3:0 тргнавме со сили да нападнеме, дадовме два гола, но повторно примивме голови кои не ги заслуживме“, изјави по мечот Атанасов.

ПретходноПет гола во нашата мрежа и нов квалификациски пораз (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМуслиу: Прекините ни се слаба точка, нешто мора да се промени