Јубилејниот 10 000 гол во ЛШ го постигна Серхио Рамос

133

Одбранбениот фудбалер на Севиља, Серхио Рамос го постигна 10 000 гол во историјата на Лигата на шампионите. Севиља играше со ПСВ, а Рамос го отвори резултатот. На крајот ПСВ славеше со 2:3.
Интересно, Рамос беше стрелец и на 6000 гол во ЛШ. Во 2013 година, како играч на Реал, си ја смести топката во својата мрежа во меч со Манчестер Јунајтед. Статистиката е од модерната историја на ЛШ поточно од 1992 година.
Како потсетување првиот гол во ЛШ го постигна тогашниот напаѓач на Клуб Бриж, Даниел Амокачи.
Притоа Рамос се изедначи со Роберто Карлос и Жерар Пике по бројот на голови во ЛШ постигнати од дефанзивци(сите имаат по 16).

ПретходноПобедија со контроверзен гол во 91. минута (видео)
СледноАрсенал првпат постигнува пет гола во прво полувреме во ЛШ