„Кралевите“ со магична трета четвртина го совладаа Панатинаикос

93

Екипата на Реал Мадрид пред два дена славеше над Олимпијакос со 71-77, а вечерва во 13.коло од Евролигата го совлада и другиот грчки тим Панатинаикос и тоа во Атина со 78-90. Со тоа „Кралевите“ ја запишаа 12-тата победа во Евролигата, а имаат само еден пораз.
„Зелените“ им беа рамноправен противник на „кралевите“ само во првото полувреме, а во третата четвртина Реал го „прегази“ противникот (26-10 во таа делница). По 51-50 на Грчкиот тим следуваше неверојатна сериј од 20-1 на Реал кој дојде до недостижна предност за противникот.
Кај Реал најефикасен беше Марио Хезоња со 19 поени, три помалку постигна Габриел Док. Кај Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 24 поени, Матијас Лесор 18…

РЕЗУЛТАТИ
АЛБА – ЕФЕС 89-97
ПАНАТИНАИКОС – РЕАЛ МАДРИД 78-90
ПАРТИЗАН – МИЛАНО 82-69

Standings provided by Sofascore
Претходно„Загрепчани слушаа тешки навреди од Македонците и ги замолкнаа во драмата“
СледноПорто немоќен на домашен терен против Магдебург