Поранешниот српски фудбалски репрезентативец Немања Матиќ во едно интервју ги „пецна“ Црвена Звезда и Партизан и ги посоветува младите играчи да не одат во тие средини затоа што лесно ќе пропаднат. Тоа го искажа повикувајќи се на својот пример затоа што најголемите српски клубови го откачија за потоа Матиќ преку други средини да ја гради кариерата.
„Српскиот фудбал е болен, заразен е со вируси кои се викаат Црвена Звезда и Партизан. Важно е да има лек“, напиша Матиќ на својот профил на „Х“.
Тој посочи дека во тие клубови ништо не научил и ги посоветува младите играчи да останат во помали средини и таму да се развиваат.
„Се што таму не учеа беше погрешно. Не учеа контра. Седнав и си велев, зарем е можно? Многу родители грешат со изборот на екипите. Скаутите на Звезда и Партизан патуваат по Србија и бараат таленти што е и нормално. А тешко е да им се каже „не“ на Звезда или Партизан. Но мислам дека децата прерано одат и дека треба да останат во помали средини затоа што таму има добри тренери кои можат да ги развиваат. Нешто ќе добијат во Звезда или Партизан, но и многу ќе загубат…“, изјави Матиќ.