Дали раководството на Барселона му спрема отказ на Чави Ернандез?
Ова денеска го најавуваат медиумите во Шпанија, акои исто така споменуваат кои се можните четири кандидат за наследник на сегашниот стратег. Факт е дека Барса ни од далеку не е она што беше лани, но покрај лошите резултати симптоматично е тоа што тимот на Чави нема ни игра, тоа посебно се виде по дебкалот од Џирона на “Монжуик“ завчера.
А кои се тие четири имиња кои се споменуваат?
Еден од нив е Рафа Маркез, тренерот на Б-тимот на Барса, некогашен фудбалер на каталонската гордост, инаку Мексиканец. Потоа се споменува името на Мичел, стратегот кој со Џирона прави чуда, па Иманол Алгуацил, тренерот на Реал Сосиедад, тим кој исто оваа есен игра феномелно и Тиаго Мота, сегашниот стратег на Болоња.










