Очекувано: Шкендија му врачи отказ на Ардијан Нухиу!

1129

Сосема очекувано по лошите резултати, а посебно по катастрофалните игри во изминатите шест месеци на тимот на Шкендија. Па така раководството на тетовци се одлучи да му врачи отказ на Ардијан Нухиу. Ова денеска и официјално е потврдено од страна на раководството на најбогатиот клуб во Македонија, односно клуб со најголем буџет кој есенската полусезона ја заврши на третото место, што секакако е голем неусшех за клуб како Шкендија.

Да не говориме за онаа бламажа во Европа кога Шкендија уште на стартот беше декласирана од аметерски клуб.

Како што велат од Шкендија, во наредните денови ќе се знае наследникот на Нухиѕу кој на кормилот на тетовци беше во изминатите шест месеци.

ПретходноДвајца кошаркари на Мемфис го урнаа Дончиќ, но тој најде начин како да ја замолкне салата (ВИДЕО)
СледноБензема изненади со изборот на најдобрите 11 на сите времиња