ОФИЦИЈАЛНО: Дени Илиев на голот на Сараево!

536

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев и официјално го облече дресот на Сараево. Еден од најголемите фудбалски клубови во поранешна Југославија, ќе биде нова средина за некогашната голманска надеж на Арсенал.

Дејан Илиев ја засили конкуренцијата за голманската позиција во првиот тим на фудбалскиот клуб Сараево, откако вчера и официјално го заврши својот престој во финскиот шампион ХЈК Хелсинки.

Илиев најголемиот дел од кариерата ја мина како позајмен играч. 28-годишниот голман до крајот на полусезоната ќе остане на „Кошево“ со можност за продолжување на договорот за уште две години.

ПретходноШкендија чека „ДА“ од албанскиот тренер Оргес Шехи!
СледноДиме Димов е главниот столб на Локо Софија!