СП 2023: Норвешка е втор патник во полуфиналето

226

Еден од ко-организаторите на Светското првенство, селекцијата на Норвешка, е вториот полуфиналист на Мундијалот, откако вечерва славеше над Холандија со 30:23 (12:12). За противник во полуфиналната рунда, Норвежанките го чекаат подобриот од дуелот меѓу Данска или Црна Гора.

Скогранд со девет, Бакеруд со пет, Реистад со четири гола ја донесоа победата за Норвешка. Во составот на Холандија Хусер и Малестајн постигнаа по четири гола.

ПретходноФИФА ги објави тројцата кандидати за наградата „Голман на годината“
СледноТотенхем го „врза“ Удоги до 2030 година