Женската ракометна репрезентација на Франција е прв полуфиналист на Светското превенство, откако вечерва ја победи Чешка со 33:22 и се пласираше во битката за медалите.
Доминација на францускиот состав беше очигледна и победата не беше доведена во прашање во ниту еден дел од мечот. Минко со пет гола, Тублан и Валентини со по четири гола беа најефикасни кај Франција. Кај Чешка Јеребкова постигна шест гола.
Во останатите четвртфинални натпревари Норвешка вечерва игра со Холандија, додека утре Шведска – Германија и Црна Гора – Данска. Франција во полуфиналето го очекува подобриот од дуелот меѓу Шведска и Германија.










