Закажана е можеби последната пресметка меѓу Меси и Роналдо

275

Двајцата најдобрите фудбалери на сите времиња Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе одиграат барем уште еден натпревар пред да се пензионираат. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо прв објави дека Интер Мајами на Меси и Ал Наср на Роналдо ќе одиграат пријателски натпревар, а сега и официјално е потврдено.

На веб-страницата на Интер Мајами беше објавено дека клубот ќе ја обиколи Саудиска Арабија пред новата сезона во МЛС. Најпрвин ќе играат против Ал Хилал на 29 јануари, а два дена подоцна против Ал Наср на Роналдо. Двата натпревари ќе се играат во Ријад.

Можно е тоа да биде нивната последна средба. Роналдо има 38 години, а Меси 36, па прашање е кога ќе се пензионира. Натпреварот во Ријад ќе биде нивни 37 меч. Досега Меси има 16 победи, додека Роналдо на 11.

ПретходноПо нападот над судијата – турското првенство е прекинато!
СледноЦрногорките лудо го прославија шокантниот пораз на Хрватска (ВИДЕО)