Ужасната сезона на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите заврши вечерва на „Олд Трафорд“. Момците на менаџерот Ерик Тен Хаг го претрпеа и четвртиот пораз во групата, откако германскиот шампион славеше со минимални 0:1 со голот на Кингсли Коман во 70. минута на средбата. Со само една победа, „црвените ѓаволи“ останаа заковани на дното на табелата во групата „А“ и за нив вечерва заврши европската одисеја за оваа сезона.
Вториот патник во осминафиналето од оваа група е најпријатното изненадување ФК Копенхаген. Во клучниот меч за нов, вечерва на „Паркен“ славеа со 1:0 над директниот конкурент Галатасарај и со 8 бода како второпласирани одат во следната рунда, додека Турците се селат во Лигата на Европа.
Во групата „Ц“ Реал со многу пресврти стигна до победа на гости кај Унион Берлин од 2:3 и со максимален скор од 6 победи ибедливо го освои првото место. Наполи со победа од 2:0 над Брага го потврди местото во нокаут-фазата, додека Брага како третопласирана ќе игра во Лигата на Европа.
Во групата „Д“ се беше познато и пред денешните дуели. Интер и Реал Сосиедад одиграа без голови, додека Бенфика славеше на гости кај Салцбург со 1:3 и во фото-финиш успеа само поради подобриот меѓусебен скор со Салцбург да се избори за пласман во Лигата на Европа. Токму со првата победа во групата, Португалците остануваат на европската карта и напролет.










