Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски му донесе победа на Пелистер на дуелот против Гостивар, погоди едно од двете слободни фрлања на шест секунди до крајот и ги постави конечните 89-88 на оваа средба.
Гостите имаа крајно очајна втора четвртина во која постигнаа само шест поени, а примија 23, што пак на одморот им донесе негатива од 49-35. Гостивар се врати во последните две четвртини, но во драматична завршница не успеа да се избори барем за продолжение.
Магдевски беше стрелец на 11 поени и осум асистенции, прво име кај победникот беше Планиниќ со 22 поени. На другата страна Вилијамс постигна 22 поени и 7 скока.
За Пелистер ова беше деветти триумф, додека за Гостивар осми пораз.