Манчестер Јунајтед меѓу негативните рекордери во ЛШ

83

Манчестер Јунајтед изгуби од Баерн Минхен со 0:1 на својот „Олд Трафорд“ и ги заврши настапите во Европа оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да се пласираат ниту во Лигата на Европа затоа што останаа последни на табелата со само четири бодови. Пред нив Галатасарај освои пет бодови, а во наредната рунда одат Баерн и Копенхаген.
Манчестер Јунајтед запиша негативен рекорд кога станува збор за англиските клубови во ЛШ. Тие се единствени со 15 примени голови во групната фаза во вкупно шест одиграни натпревари.
Баерн им даде вкупно четири гола, Галатасарај шест, а Копенхаген четири.
Па така имаат скор од една победа (над Копенхаген со 1:0) и едно реми (со Галатасарај 3:3).

ПретходноПроблеми: Тен Хаг нема да може да смета на 13 свои играчи за гостувањето кај Ливерпул!
СледноСП 2023: Шведска преку Германија обезбеди полуфинале