Како да нема крај за сите проблеми за Манчестер Јунајтед и стратегот Ерик Тен Хаг. Откако на срамен начин “ѓаволите“ беа елиминирани од Европа, тие веќе се со мислите кон најголемото дерби во Премиерлигата, а тоа е гостувањето кај Ливерпул овој викенд.
Проблемите се во тоа што Тен Хаг најверојатно за овој меч на „Енфилд“ нема да може да смета на дури 13 сцои играчи.
Вчера се повредија Хари Мегваер и Лук Шо, а од претходно надвор од тимот поради повреда се и Лисандро Мартинез, Виктор Линделоф, Тајрел Маласиа, Каземиро, Кристија Ериксен, Мејсон Маунт и Амад Диало.
Од друга страна болни се Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал, додека Бруно Фернандеш е под суспензија поради жолти картони а Џејдон Санчо е под клупска суспензија.
Сега сите се прашуваат дали, без овие играчи, на Манчестер Јунајтед ќе му се повтори оној катастрофален пораз од 7:0 минатата сезона на “Енфилд“.