ПСЖ се протна во осминафиналето на ЛШ, Милан оди во ЛЕ, Њукасл испадна

287

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е вториот патник во осминафиналето на Лигата на шампионите од „групата на смртта“. ПСЖ вечерва одигра 1:1 на гостувањето кај ПСЖ што беше доволно за второто место и покрај тоа што завршија со исто бодови со Милан (по 8). „Росонерите“ победија со 2:1 на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ што беше доволно само за трето место и пласман во Лига Европа, додека Њукасл со пет бода се простува од Европа.
Во Дортмунд, домашните поведоа со гол на Адејеми во 51 минута, а изедначи Заир-Емери пет минути подоцна. Имаше ПСЖ уште неколку шанси за гол, а Мбапе постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а претходно неговиот удар на фантастичен начин го спречи Никлас Зиле.
Во Англија, Њукасл водеше на полувреме со гол на Жоелинтон, во второто полувреме миланската екипа направи пресврт со погодоци на Пулишиќ и Чуквуезе.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА Г
Ц.ЗВЕЗДА- МАН.СИТИ 2:3
ЛАЈПЦИГ – ЈАНГ БОЈС 2:1
ТАБЕЛА: Ман.Сити 18, Лајпциг 12, Јанг Бојс 4, Ц.Звезда 1

ГРУПА Х
АНТВЕРП – БАРСЕЛОНА 3:2
ПОРТО – ШАХТЈОР 5:3
ТАБЕЛА: Барселона 12, Порто 12, Шахтјор 9, Антверп 3

ГРУПА Е
СЕЛТИК – ФЕЕНОРД 2:1
АТЛЕТИКО – ЛАЦИО 2:0
ТАБЕЛА: Атлетико 14, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 4

ГРУПА Ф
ЊУКАСЛ – МИЛАН 1:2
БОРУСИЈА Д. – ПСЖ 1:1
ТАБЕЛА: Борусија Д. 11, ПСЖ 8, Милан 8, Њукасл 5

ПретходноСнајдер: Жени не треба да бидат тренери на машки тимови
СледноОва се сите учесници во осминафиналето на ЛШ