Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо инвестирал во нов фудбалски симулатор УФЛ, разработен од белоруското студио „Strikerz“. Португалецот, заедно го група на инвеститори, вложил преку 40 милиони долари во проектот, а учеството на легендата на светскиот фудбал го потврди извршниот директор на компанијата Евгениј Нашилов.
„Роналдо сега е наш партнер и инвеститор, а тоа значи и голем чекор напред во остварување на нашата визија за создавање на водечка видео игра за фудбалските фанови ширум светот. УФЛ има голем потенцијал да направи разлика во индустријата за видео игри“, изјави Нашилов за „Бизнисвајр“.