Рајо не издржа: Столе прими гол во продолжението за пораз од Осасуна

142

Екипата на Осасуна ја совлада екипата на Рајо Ваљекано во 17-тото коло од шпанската Ла Лига со резултат 1:0.

Рајо предводен од нашиот брилијантен Столе не издржа до самиот крај и загуби со гол примен во 95-тата минута. Стрелец на голот беше Раул и со тоа се прекина серијата на мечеви без примен гол за Столе во Примера.

Рајо ја продолжи лошата серија без победа во првенството, додека пак Осасуна го прекина постот од шест натпревари без победа. Со оваа победа домаќините се искачија на 12-тото место, а екипата од Мадрид го задржа 10-тото место.

ПретходноЏенова му „скина“ еден бод на Јувентус (ВИДЕО)
СледноКако Даниел Димевски комотно го поминува обезбедувањето и оди кај записничката маса (ВИДЕО)