Екипата на Осасуна ја совлада екипата на Рајо Ваљекано во 17-тото коло од шпанската Ла Лига со резултат 1:0.
Рајо предводен од нашиот брилијантен Столе не издржа до самиот крај и загуби со гол примен во 95-тата минута. Стрелец на голот беше Раул и со тоа се прекина серијата на мечеви без примен гол за Столе во Примера.
Рајо ја продолжи лошата серија без победа во првенството, додека пак Осасуна го прекина постот од шест натпревари без победа. Со оваа победа домаќините се искачија на 12-тото место, а екипата од Мадрид го задржа 10-тото место.