Миовски и Абердин поразени: Ренџерс го освои Лига Купот на Шкотска!

347

Бојан Миовски и неговиот Абердин не успеаја да го освојат првиот трофеј сезонава. Во големото финале на шкотскиот Лига Куп екипата на Ренџерс славеше со 1:0 на финалниот меч на „Хемпден Парк“.

Миовски кој го одигра комплетниот дуел за Абердин не успеа да се израдува на првиот трофеј во Шкотска, затоа што Таверние со голоот во 77. минута ги скрати надежите на „црвените“. И двата тима одиграа еден тврд меч со многу прекини, што и резултираше со слаба ефикасност.

Моментот на одлука беше погодокот на Таверние кој подоцна се покажа и како клучен за Ренџерс да го освои овој трофеј за првпат по 2011 година или по пауза од цели 12 години.

ПретходноОдермат прв на велеслаломот во Алта Бадија
СледноФерари прв ги отвори картите: Промоцијата на новиот болид ден пред Денот на вљубените!