Само што заврши првиот дел од сезоната, а македонските прволигашки екипи веќе почнаа да се екипираат за пролетната полуетапа. Екипата на Макеоднија ЃП денеска и официјално го објави првото засилување за овој зимски преоден рок.
Станува збор за Бразилецот Џонатас Жилберто да Силва кој во Ѓорче Петров доаѓа од екипата на Перолас Неграс. Да Силва е 27-годишен централен бек, кому доаѓањето во Скопје ќе му биде прво интернационално искуство во кариерата.