Кошмарот на Арда Туран: Ги изгубив сите пари кои ги заработив во мојата кариера!

20662

Сите пари заштедени во текот на неговата кариера ги изгуби. Арда Туран, поранешниот играч на Барселона и Атлетико од Мадрид и еден од најпознатите турски фудбалери низ историјата, го живее својот кошмар. Турчинот откри дека загубил повеќе од 13,9 милиони долари поради директорктаа на една банка во Истанбул, Сечил Ерзан.

„Таа ме измами велејќи: „Ако инвестираш во овој фонд, ќе имаш профит“. Дадов повеќе од 13,9 милиони долари. Сите пари и труд што ги имав ги вложив. Сиот мој фудбалски труд, сите мои заштеди наеднаш исчезнаа“, потврди Туран.

Арда Туран не е единствениот кој ја тужеше Сечил Ерзан. Покрај него, се огласија и уругвајскиот голман Фернандо Муслера кој настапува за Галатасарај и други поранешни турски играчи кои открија дека се измамени. Муслера тврдеше дека вложил 1,2 милиони долари во фондот. Сечил Ерзан е под истрага за измама. Вкупно 18 лица ја тужат пред турските судски органи.

Арда Туран моментално е тренер на Ејупспор во турската втора лига.

ПретходноВо Барса немаше место за нив, а сега тие се најдобри стрелци во Сегунда
СледноСе влоши здравствената состојба на Франц Бекенбауер