Зијеш ги шокира Челзи и Галата, сака трансфер во С. Арабија?!

537

Се чини дека Хаким Зијеш, напаѓачот од Мароко нема намера да игра за Галатасарај долго време. Како што денеска известуваат медиумите во Турција, Зијеш на својот менаџер му кажал дека сака да се пресели во С. Арабија и да прифати една од бројните баснословни понуди.

Со овој негов потег тој ги шокира во Галата, но и во Челзи чиј играч е. Да потсетиме дека Зијеш минатото лето дојде во Галата како позајмен играч на “сините“ од Лондон.

Сега останува на менаџерот да најде решение за желбата на неговиот клиент. Инаку Галатасарај во летниот преоден рок би можела да го откупи договорот на Мароканецот со Челзи, но тој сака да игра во С. Арабија.

ПретходноСагата продолжува: И Ливерпул по потписот на Мбапе!
СледноФановите на Бирмингем со брутални навреди кон својот тренер, легендарниот Вејн Руни! (ВИДЕО)