Интервју со Арбтрим Ќира: Струга ТЛ имаше година за паметење, во оваа 2024 посакуваме нова титула!

664

Во осмата година од своето постоење, Струга ТЛ успеа да се најде на самиот врв на мак – фудбалот. Минатата 2023 засекогаш ќе биде впишана со златни букви во историјата на клубот од Струга. Стана шампион на Македонија, играше во финалето на Купот, стигна на чекор до пласман во групната фаза во Лига Конференции и на крај повторно е есенски првак во новата сезона.

Зад овој успех, секако покрај играчите, стручниот штаб и раководството на клубот, стои семејството Ќира со својата компанија Трим Лум. Без тие силни вложувања во клубот секако дека сето ова не беше можно да се постигне.No description available.

За тоа како ја виде изминатата, историска година, потоа за тоа дали има нешто за што жали, за оваа 2024 година, за иднинатата на клубот, свое видување за „СпортСпорт“ има Арбтрим Ќира, претседателот на Струга ТЛ, првиот човек на на шампионот за сезоната 2022/23 и есенски првак за 2023/24.

-За Струга Трим Лум минатата 2023 година беше историска, според успесите, според тоа како овој млад клуб кој постои само 8 години се најде на самиот врв во мак – фудбалот?

Да, апсолутно. Станавме шампиони надвор од сите очекувања пред стартот на сезоната. Апсолутно заслужено, никаква дамка немаше на тој наш фантастичен успех. Бевме лидери на табелата од првото па се до последното коло и на крајот со голема бодовна разлика ја освоивме титулата во ПМФЛ. Ова е голем успех за нас, за клубот, за нашата компанија, имаме право да се гордееме вели Ќира.

No description available.

-Малку недостигаше да Струга ТЛ после Вардар биде вториот наш клуб кој играл во групната фаза во едно натпреварување на УЕФА?

Ако нешто жалам, тогаш тоа е елиминацијата од Жалгирис во првото квалификациско коло во ЛШ. Го имавме тој двомеч, тој спектакл со Галатасарај во своите раце што се вели, но ете против тимот од Литванија примивме на реваншот во Охрид два гола и тоа беше крај. Нашето неискуство од играње на вакви европски мечеви во тие мигови беше решавачко. Секако дека сум горд на тоа како одигравме потоа во квалификациите во ЛК, каде стигнавме до плеј – офот. Реков, фантастична година за нас сите во клубот“.

ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГО ПОВТОРИМЕ УСПЕХОТ, ПОСАКУВАМЕ НОВА ТИТУЛА

No description available.

-Може ли претседателот на Струга ТЛ да ни ја каже тајната на успехот на клубот?

Немаме тајна. Видете, ние го имаме веројатно едно од најмалубројните раководста на еден фудбалски клуб. Само четворица сме во управата, заедно решаваме за секој потег, се консултираме и се што правиме за клубот го правиме заеднички. Секако дека најважно е да се има супер атмосфера во клубот, играчите да бидат задоволни, а потоа се е полесно. Многу важно е да имаш квалитетни фудбалери, но треба да се направи добра комбинација меѓу нив и самиот клуб за да се дојде до таа потребна атмосфера“.

-Може ли Струга ТЛ во тековната сезона да остане на врвот на табелата и да дојде до втора титула?

Јас се надевам дека и оваа 2024 година ќе биде успешна за нас. Очекувам напролет да биде уште подобро од есеноска, ако се знае дека сега играчите ќе бидат посвежи, нема да бидат така уморни како есеноска по тоа долго европско лето за нас. Ќе се бориме, ќе се обидеме да го повториме успехот, јасно е дека посакуваме нова титула. Ќе видиме на крајот дали ќе успееме во тие наши намери и желби“.No description available.

СЕМЕЈСТВОТО ЌИРА СЕ ГОРДЕЕ СО ОВИЕ УСПЕСИ НА СТРУГА ТРИМ ЛУМ

-Во оваа 2024 година, а посебно за следната сезона 2024/25 најавите се дека Струга ТЛ за конкуренти за врвот, покрај Шкендија и Шкупи ќе ги има и Работнички и Гостивар. Клубови кои почнаа со силни вложувања и нивните очекувања се шампионски, тие тоа не го кријат?

Работнички е клуб за респект, за тоа како работи. Секогаш биле силен противник, а ќе биде уште посилен. Исто така Гостивар докажа оваа есен дека има квалитетна екипа и има големи амбиции за во иднина. Тоа е добро за нашата лига, целта е да се подобри квалитетот, да имаме посилна и поквалитетна ПМФЛ, тоа е добро за сите нас кои сме учесници во нашата елитна лига“.

No description available.

-Семејството Ќира може да биде гордо на сите досегашни успеси. Докажавте како се работи во фудбалот, дека и кај нас фудбалот може да биде добар бизнис. За само осум години ја поставивте Струга ТЛ на лидерското место во мак – фудбалот?

Во право сте. Ние како семејство, пред се мојот татко Менди, мојот брат Лум и јас, секако дека сме горди и пресреќни за тоа каде стигнавме за само осум години. Горди сме на сите дечки што максимално работеа и работат во Струга ТЛ за да се дојде до ваков успех. Од управата, играчите, тренерите и сите спортски работници што беа дел од овој историски успех. Ова беше историска година и за градот Струга, секако и за нашето семејство. Целиот тим направи нешто што не можеше да се замисли дека е можно. Затоа сме радосни и среќни и полни со елан да продолжиме со напорна работа со цел Струга ТЛ да биде уште подобра“ заврши првиот човек на шампионот, Арбтрим Ќира.

ПретходноСловенечко чудо во Гармиш-Партенкирхен!
СледноБуфон со револуционерен предлог: Време е да се зголемат димензиите на головите!