Со првиот ден од новата година, еден од стандардните македонски репрезентативци, напаѓачот Милан Ристовски ја промени средината.
Како што потврдија чешките медиуми, а потоа и неговиот нов клуб, Ристовски во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Бохемианс.
Ристовски од Словачка заминува во соседна Чешка. Тој досега го носеше дресот на Спартак Трнава со која официјално го заврши договорот, па реши да потпише повеќегодишен договор со екипата на Бохемианс, која моментно се наоѓа на 9. место на табелата во чешката фудбалска елита.
Од неговиот нов клуб објавија дека поради семејни причини, Ристовски ќе им се приклучи следната недела.










