Стигна и првиот доказ за трансферот на Мбапе во Реал 

10600

Реал Мадрид и понатаму е најголемиот фаворит за доведување на еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Шпанците тврдат дека Флорентино Перез подготвува се што е потребно за трансферот, а веќе закажал телефонски разговор со Мбапе.

Гласините за трансфер на Мбапе во Реал се засилија, собено по преселбата на неговата мајка Фајза Ламари. Според шпанските медиуми таа веќе резервирала стан, бидејќи очекува нејзиниот син да ја промени средината. Доколку дојде до преселба, светскиот шампион ќе остане во Моралеха, регион на северот на шпанската престолнина.

Реал Мадрид многу го „притисна“ Мбапе. Париската ѕвезда доби ултиматум и мора да донесе конечна одлука и да потпише преддоговор до средината на овој месец.

Реал е подготвен да му дава на Мбапе 26 милиони евра годишно, но и 130 милиони евра бонус за потпис.

Останува да видиме дали навистина ќе го облече дресот или пак можеби ќе остане во ПСЖ, кој исто така се ќе стори за да остане.

ПретходноСе влоши здравствената состојба на Франц Бекенбауер
СледноРоналдо за роденден на својата мајка и купи ново Порше (ВИДЕО)