Реднап: Овој Арсенал изгледа изгубено

810

Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и Тотенхем, Џејми Реднап, ги сподели своите размислувања za натпреварот Фулам – Арсенал (2:1), по кој Арсенал заостанува зад најдобрата тројка во англиската елита.

„Голот на Сака требаше да биде катализатор за Арсенал да продолжи во истиот дух и удобно да го добие натпреварот. Но, денес им недостигаше таа искра. Зборуваме дали Арсенал постигнува доволно голови, но јас ги гледам бековите и нивниот придонес во моментов. Артета се обиде да ги промени работите на полувремето. Томијасу се појавува во средината на теренот, а неговите постапки се сведуваат на фактот дека тој самиот станува одговорност за неговиот тим. Воопшто не создаде никаква ширина. Изгледаше изгубено таму. Средината не изгледаше баш како што треба. Таа не создаде доволно, па Арсенал не можеше да постигне гол. Толку многу посед на топка без потребната цел. Кога чувствувате дека напаѓачите се непродуктивни, тоа врши притисок врз одбраната. Сегашната состојба на Арсенал е симптоматична. Тие се малку изгубени. Манчестер Сити им дише во врат. Има и други тимови. Луѓето мислеа дека Арсенал ќе оди напред и дека нивната сезона може да биде нешто како парада“, рече Реднап .

ПретходноИнтервју со Благоја Милевски: Верувам во оваа генерација, не ме засегаат коментарите на социјалните мрежи, црна дамка е мечот во Манчестер!
СледноИнтер го договори првото засилување за 2024 година