Мем: Македонија има млад тим со голем потенцијал!

634

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Дика Мем е еден од плејадата на светски имиња во составот на француската репрезентација која славеше против Македонија со 39-29 на отварањето на ЕП. По мечот потенцира дека Македонија има млад тим и одличен селектор, очекува во иднина овие момци да прераснат во подобри ракометари.

„Импресивен беше амбиентот, но ние не сме домашните репрезентации и затоа атсмоферата не беше толку жешка. Кога би играле против Германија, сигурно ќе беше поинаку и со поголем притисок. 
Имате добар млад тим, тактички игравте добро. Имате одличен селектор, Лазаров, со него се знам и лично и знам колку е квалитетен. 
Видов многу потенцијал во вашиот тим и верувам дека во иднина овие играчи ќе напредуваат и ќе станат многу подобри“, изјави за СпортСпорт Дика Мем. 

ПретходноИ официјално: Рекордни 53.586 навивачи на трибините
Следно„Фалангата“ има чиста десетка!