Хајдук „краде“ играч на Динамо – во Сплит доаѓа репрезентативец на Хрватска

616

Италијанските и хрватските медиуми пишуваат дека Хајдук му „краде“ играч на Динамо Загреб, а се работи за репрезентативецот Јосип Брекало. Крилниот напаѓач моментално е член на Фиорентина, а со месеци се зборува за негово враќање на „Максимир“ но работата се искомпликува и засега од тоа нема ништо. Тука влегува Хајдук кој сака што побргу да го заврши трансферот и да се приклучи на супер тимот што го градат сплиќаните.
Ако Брекало дојде на „Пољуд“ тој ќе им се приклучи на поранешните репрезентативци Филип Кровиновиќ и Марко Ливаја, потоа Никола Калиниќ кој ја обнови соработката и од неодамна најголемото засилување во историјата на клубот – Иван Перишиќ.
Брекало е дете на Динамо, играл за сите младински екипи, Б тимот и потоа во А тимот. Направи трансфер во Волфсбург вреден 10 милиони евра, а играше и за Штутгарт и Торино, а во јануари 2023 година го купи Фиорентина.

ПретходноБукер постигна 62 поени во поразот на Феникс, Оклахома е најдобар тим на Западот
СледноМеч ќе се преигрува поради погрешна одлука на ВАР