Ракометарите на Вардар славеа во денешниот пријателски меч против екипата на Т. Пролет со 25:21. За Т. Пролет ова беше последна контрола во пресрет на почетокот на плеј-офот закажан за наредниот викенд.
Избраниците на Александар Јовиќ сосема солидно му парираа на Вардар, но не можеа да приредат изненадување против фаворитот.
На четирите контролни средби одиграни во последните петнаесетина дена Т. Пролет забележа една победа и три порази.










