Вчера во Ријад требаше да биде спектакл, Роналдо против Меси за последен пат. Сепак Португалецот поради повреда не настапи, додека Лео одигра само неколку минути.
Мечот го доби Ал Наср и тоа убедливо.
Роналдо во С. Арабија, посебно кај фановите на Ал Наср, е омилен тип, доказ за тоа што вчера направи еден негов фан.
Имено во фоајетот на еден хотел во Ријад, Жорге Меси, таткото на Лео и негово менаџер, беше во разговор со едно друго лице.
Навивачот дојде до нив и направи потег за паметење. Имено тој високо го дигна дресот на Роналдо и му го покажа на Жорге Меси, сакајќи со тоа да стави до знаење кој е кој.
مشجع يرفع تيشيرت الاسطورة كريستيانو امام والد ليونيل ميسي 😂😂❤️❤️ pic.twitter.com/n8UXiDs6Ot
— عالم القوت (@GOATTWORLD) February 2, 2024










