Второлигашот Охрид денеска и официјално потврди уште едно зимско засилување. Нов фудбалер на охриѓани е Филип Димоски кој во Охрид доаѓа од екипата на Победа.
Димоски ќе биде одлично засилување за напаѓачкиот ред на Охрид. 24-годишниот прилепчанец во кариерата освен за Победа играше и за Каменица Саса и Детонит Ј.










