Трансферот на Елмас во Лајпциг е третиот најголем трансфер оваа зима во Европа!

1075

Зимскиот преоден рок, барем во најсилните лиги во Европа е заврпшен и тоа со вчерашниот ден. За разлика од минатиот јануари, кога Челзи се растури од давање пари, сега не беше така.

Имено најскапиот трансфер во светот е всушност летен, и тоа оној на Витор Роке од Атлетико Параненс во Барса за 40 милиони евра. Да, сега се реализира, но беше направен минатото лето.

Па така трансферот на Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг за 24 милиони евра е третиот најголем оваа зима.

Еве ја табелата, тука не го сметаме оној на Роке во Барса:

ТАБЕЛА

1.Саша Бое (Галатасарај – Баерн Минхен) 30 милиони евра

2.Раду Драгушан (Џенова – Тотенхем) 25 милиони евра

3.Елиф Елмас (Наполи – Лајпциг) 24 милиони евра

4.Ренан Лоди (Марсеј – Ал Хилал) 23 милиони евра

5.Адам Вортон (Блекбурн – Кристал Палас) 21 милиони евра

6.Лукас Бералдо (Сао Паоло – ПСЖ) 20 милиони евра

7.Габриел Москардо (Коринтијас – ПСЖ) 20 милиони евра

8.Артур Вермерен (Антверпен – Атлетико Мадрид) 18 милиони евра

ПретходноЛапорта: Ова се 15-те клубови кои ќе играат во Суперлигата, баш ми е гајле за Англичаните!
СледноСкандал во Евролига: Ја фрли топката кон судијата и му влезе во лице (ВИДЕО)