Бум: Лејкерси спремаат чистка?! Леброн ќе го трејдуваат, а не сметаат ни на Дејвис!

703

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис кои на ЛА Лејкерс му ја донесоа титулата во 2020, се чини дека ќе бидет трејдувани. Очигледно е дека, барем според сензационалните информации денеска од САД, се спрема голема чистка а во неа ќе бидат вклучени двата голема мемаг – стара на Лејкерси.

Фактот дека утринава ЛА Лејкерс настапи и воедно победи против Бостон среде “Гарден“ без Леброн и Дејвис, уште повеќе ги засилува шпекулациите дека тимот од ЛА веќе нема да смета на нив. Инаку ако ова навистина се случи тогаш ќе мора тоа да се случи деновиве зошто до 8 февруари е рокот.

Се шпекулира дека и двајцата се незадоволни, но и самиот клуб е незадоволен па така најверојатно ќе дојде до разделба.

Секако дека ова е “земјотрес“ во НБА.

ПретходноПелистер и МЗТ Скопје пред нови АБА2 предизвици
СледноСпектакл во Чиле: Невидена промоција на Видал во Коло Коло! (ВИДЕО)