Така тоа се прави во големите клубови, нема гратиси за никого, па дури и за тренерите, односно за најдобриот кошаркарски тренер во историјата, а тоа е Жељко Обрадовиќ.
Имено како што денеска напомена Зоран Савиќ, директорот на КК Партизан, нема за никого бесплатни билети за мечевите на “црно – белите“.
“Можам јавно да кажам дека и Обрадовиќ си купува билети. Па така за 20 сезонски билети тој плати околу 30.000 евра. Ова е неверојатно. Продадовме 16.124 сезонски билети, а можевме според барањата, да продадеме и поеќе од 30.000“ истакна покрај другото Савиќ.










