Тренерот на Динамо (З) не го пријави Адеми за мечевите во Конференциската лига!?

612

Хрватскиот шампион Динамо (З) на 15 февруари ќе игра со Бетис во Севиља во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА, но во тимот на загрепските „модри“ нема да биде нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Тренерот на тимот, Сергеј Јакировиќ пријавил 25 играчи, а во игра за последните три места беа Аријан Адеми, Арбер Хоџа, Такуја Огивара, Кевин Теофил-Кетрин и Фран Бродиќ.

Јакировиќ на списокот ги додаде крилото Хоџа и левото крило Огивара, двајца играчи кои пристигнаа во зимскиот преоден рок, како и стоперот Теофил-Катерина, кој дојде во Динамо во октомври 2023 година, односно откако на списокот за првиот дел од европските дуели беше затворен.

ПретходноТешки денови за Лавеци: Префрлен во психијатриска клиника!
СледноЃоковиќ потврди дека во март се враќа со настап на Мастерсот во Индијан Велс