Ѓоковиќ потврди дека во март се враќа со настап на Мастерсот во Индијан Велс

165

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Индијан Велс. Новак се враќа во Калифорнија за првпат по пет години, кога беше елиминиран во третото коло од Филип Колшрајбер.

Ѓоковиќ реши да ги прескокне малите турнири откако испадна во полуфиналето на Австралија опен, а во март да се појави во Америка. Новак петпати го освојуваше Мастерсот во Индијан Велс, последен пат во 2016 година, кога во финалето го декласираше Милош Раониќ.

Актуелен победник на турнирот кој е закажан од 6 до 17 март е Карлос Алкараз.

ПретходноТренерот на Динамо (З) не го пријави Адеми за мечевите во Конференциската лига!?
СледноНекогашниот германски репрезентативец потпиша за „фенерџијата“ во Серија А