Јуниорскиот репрезентативец Јован Милев прогласен за МВП на турнир во Полска

154

Младинската екипа на одбојкарскиот шампион Струмица викендов учествуваше на меѓународен турнир во Полска, каде покрај домаќинот Јастржебски учествуваа  и чешка Острава и полскиот тим Хутник Краков.

Во одлична атмосфера Струмица достоинствено ја претстави македонската одбојка, а одлично издание имаше нашиот јуниор Јован Милев, кој на крајот на турнирот беше прогласен за најкорисен играч.

Учеството на ваков турнир е од огромно значење за Струмица и за нашата одбојка. Од редовите на струмичкиот клуб во иднина се очекуваат и новите македонски репрезентативци во сениорска категорија.

ПретходноДинамо не го пријави Адеми за Европа само за да не им плаќа бонуси на Кинезите!
СледноВоска Спорт со убедлива победа над црногорски нисколигаш